Попладнево во просториите на ОФМ беше извршена полудиригирана ждрепка за четвртфиналето од Купот на Македонија во машка и женска конкуренција.

Куп-натпреварувањето стартуваше во средината на оваа недела со претквалификациските дуели кај дамите од кои Виктори Волеј, Студент, Јанта В.Ф и Пелистер излегоа како победници и се најдоа во 1/4 финалето. Ждрепката одлучи бранителот на титулата Работнички да го има за предизвикувач Пелистер Волеј, Виктори Волеј да се соочи со Вардар, Јанта В.Ф ќе игра против ланскиот финалист Наковски Волеј, додека последната двојка ќе ја сочинуваат Струмица и УГД Студент.

Во машка конкуренција, пак, Џио Струмица игра против дебитантот Дибра Волеј, Вардар ќе се сретне со Весна Пробиштип, Шкендија за противник ја има Лирија, додека, пак, УГД Студент ќе се соочи со Универзитет во Тетово.

Четвртфиналната фаза се игра во два добиени натпревари, првиот е закажан за 19 февруари, а вториот за 26 февруари, Доколку резултатот во победи и сет-количникот биде идентичен, за пласман во полуфиналето ќе решава таканаречен „златен“ сет до 15 освоени поени.

КУП НА МАКЕДОНИЈА, МАЖИ

ЧЕТВРТФИНАЛЕ, ДВОЈКИ:

Дибра Волеј – Џио Струмица

Весна Пробиштип – Вардар

Шкендија – Лирија

УГД Студент – Универзитет во Тетово

КУП НА МАКЕДОНИЈА, ЖЕНИ

ЧЕТВРТФИНАЛЕ, ДВОЈКИ:

Пелистер волеј – Работнички Скопје

УГД Студент жени – Струмица жени

Виктори волеј – Вардар жени

Јанта волеј Форца – Наковски волеј

ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ:

Виктори Волеј – Ускана              3:1 (25:10, 25:23, 22:25, 25:13)

Студент – Уни. Тетово 3:1 (25:22, 20:25, 25:21, 25:18)

Пелистер В. – Македонија Макс            3:1 (21:25, 25:13, 25:13, 25:19)

Јанта В.Ф – Бами Кор    3:0 (25:21, 25:14, 25:13)