Кога сме кај листата на стрелците, да споменеме дека во пролетниот дел Даниел Аврамовски, кој есеноска беше најдобар не само во Вардар туку и во цела ПМФЛ, ќе стартува со 9 голови. Од него армијата вардарци очекува многу голови, веројатно тој ќе биде пресудниот фактор за новата вардарова титула. Веднаш зад него е Прелчец од Борец со гол помалку. Сепак реално е да се очекува дека битката за титулата прв стрелец ќе се води меѓу вардарецот и Бесарт Ибраими од Шкендија.

Бесарт откако е во Шкендија, освен во минатата сезона кога се повреди, секогаш беше прв стрелец во Лигата. Секако дека ќе сака да се врати на пиедесталот, засега заостанува зад Аврамовски само три голови. Но затоа ќе има предност уште по првото коло да ја намали таа разлика ако се знае дека Даниел поради суспензија ќе прескокне првото пролетно коло. Бесарт ќе биде и психолошки растоварен откако  го престигна Баже Илијоски на вечната листа на стрелците, и сега има вкупно 167 голови во ПМФЛ.

 

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ:

9      АВРАМОВСКИ (Вардар)

8      ПРЕЛЧЕЦ (Борец)

8      ЈУРИНА (Шкупи)*

7      СЕЛМАНИ (Ренова)

6      Б. ИБРАИМИ (Шкендија)

6      АЛИМИ (Шкендија)

6      БОЖИНОВСКИ (Македонија ЃП)

6      ПАДУ (Македонија ЃП)

5      КИРОВСКИ (Струга ТЛ)

5      МАРКОВИЌ (Работнички)*

*Фудбалери кои не се веќе во ПМФЛ