Од вчера па се до 20 февруари, фудбалерите на Тиквеш ќе се подготвуваат во Дојран, во комплексот на СЦ Истатов. Според зборовите на тренерот Раде Цицмиловиќ, следува најважната фаза од тековните подготовки во пресрет на стартот на пролетниот дел во Втората лига – исток.

„Досега работевме на физичката подготовка, и затоа сега во преден план се тактиката и воигрувањето, како по линии така и во целина. Еве одработивме веќе два тренинга, имаме одлични услови за работа овде во Дојран и ќе гледаме максимално да ги искористиме. Во текот на нашиот престој овде во Дојран, ќе одиграме и две контролни средби, утре со Плачковица и на 19 јануари со Скопје“ вели Цицмиловиќ.

ЗАДОВОЛСТВО ОД НОВИТЕ ИМИЊА

Тиквеш, можеби по малку и неочекувано, успеа да се засили со двајца младински репрезентативци…

Да, ги доведовме Стефан Наумчевски и Лука Трајкоски, кои за нас ќе бидат големи засилувања. Со нив сме поквалитетни во секој случај. Претходно како што е познати ги ангажиравме Балдовалиев и Илиевски. Јас искрено сум задоволен од тоа како Тиквеш „пазареше“ оваа зима, донесовме играчи на тие позиции каде што по малку чкрипеше во нашиот тим“ истакна Цицмиловиќ.