Раководството на Херта Берлин откри дека по хаосот кој настана околу заминувањето на Јирген Клинсман кој кратко се задржа на клупата на берлинскиот тим, екипата загубила еден од главните спонзори.

Клинсман помалку од два месеци беше дел од Херта, а во зимскиот преоден рок тимот потроши најмногу пари за засилувања, но немаше ефект затоа што стартот на пролетниот дел не донесе подобрувања на резултатите.

Клинсман потоа го нападна раководството, пред се генералниот менаџер Михаел Прец.