Екипата на Аталанта ја совлада Рома на свој терен со 2:1 и со тоа и ги намали шансите за пласман во Лигата на шампионите. Во борбата за четвртото место „волчицата“ имаше предност по првото полувреме со голот на босанскиот напаѓач Един Џеко, но во второто полувреме во период од 50 до 59 минута го свртеја резултатот и победија.

Прво Паломино погоди, а по него и Марко Пашалиќ. Јуначко срце на Аталанта повторно победи. Сега ја држи четвртата позиција, последната која води во ЛШ, со шест бода повеќе од Рома која патем го впиша третиот пораз по ред односно седми вкупно после 24 одиграни кола.