Екипата на Лајпциг беше сигурен и забележа победа над Вердер од 3:0, и сигурно го задржа чекорот со врвот на табелата. Клостерман, Шик и Мукиеле погодија за тимот на Нагелсман, кој стигна до 13 триумф во првенството за чело на табелата.

Баер Леверкузен се намачи да дојде до триумфот над Унион Берлин на гостински терен со 2:3. Унион водеше, потоа Леверкузен поведе, па берлинскиот тим израмни, за на крај Белараби во 94. минута донесе победа за „фармацевтите“.

Херта дојде до тешка победа над Падерборн на гости од 1:2, иако Берлинците останаа без тренер по оставката на Клинсман. За Херта погодија Бојата, и Кулинс автогол.

Волфсбург на гости го совлада Хофенхајм на госи со 2:3. Три гола за Волфсбург постигна Вергост и ја донесе победата.

Аугзбург и Фрајбург одиграа без победник 1:1.

Standings provided by Sofascore LiveScore