Победа од 3:1, нови три бода и чекор поблиску до титулата за Вардар. Тоа е резимето од скопското дерби против Македонија ЃП, која самата си е виновна за овој пораз.

А Вардар покажа дека не знае да простува. Иако играше без својот најдобар фудбалер Даниел Аврамовски, а Али Адем влезе во финишот, лидерот на табелата покажа како треба да се однесува тим кој се бори за титулата.

Добар старт за вардарци во пролетната полусезон. И одново, Цветановски, Ибиши, Брдаровски, Леовигалдо Жуниор, Гачевски, Најдовски, кога требаше најмногу и покажаа најмногу.