Александар Васоски, тренерот на Вардар не го криеше своето задоволство после мечот, во кој неговиот тим победи со 3:1.

„Видете, секогаш првите натпревари се тешки за играње. Јасно е дека имавме проблеми во раната фаза од мечот против предефанзивната Македонија ЃП. Потоа постигнавме гол, средбата  се отвори и ние ја решивме во наша полза. Видов и добри работи, но и помалку добри. Лично сум презадоволен од тие 3:1 и од трите бода. Но не реагиравме како што требаше на гостинскиот гол за тие 3:1. Од друга страна пред мечот ако некој ми понудеше ваков развој на настаните со двете раце ќе прифатев. Да споменам дека игравме без Аврамовски, а Адем влезе во самиот финиш на мечот. На крајот да кажам апсолутно заслужена победа на Вардар“ изјави за СПОРТМЕДИА стратегот на вардарци.