Словенечкиот репрезентативец и ѕвездата на Далас, Лука Дончиќ и тоа како се забавуваше на своето деби на Ол-стар викендот во мечот на ѕвездите во подем кои играа поделени на САД и Светот.

Дончиќ иако се очекуваше да го предводи Светот, тој имаше нешто поскромна минутажа и постигна само 16 поени, но видливо беше дека и тоа како се забавува.

Покрај тоа имаше фантастичен потег, односно постигна погодок за три поени и тоа од својата половина, со што ја крена публиката во арената во Чикаго на нозе.