Тимот на САД го победи тимот на Светот, 151:131 во дуелот мешу дебитантите и играчите со една година стаж во НБА лигата, на оторањето на 69. издание на Ол-стар викендот, кој се одржува во Чикаго.

Светот имаше предност од десет поени на полувремето, но во вториот дел младите Американци предводени од Мајлс Бриџис од Шарлот, кој постигна 20 поени, приредија вистинско шоу.

Како и што се очекуваше, првиот пик на драфтот, Зион Вилијамсон беше главна атракција, со низата неверојатни забивања, меѓу кои и едно со кое го „скрши“ кошот. На минута и десет секунди пред крајот на полувремето, тој заби толку силно што ја искриви целата структура на кошот. Иако мечот продолжи, јасно беше дека таблата е навалена на левата страна и беше потребно да санира проблемот.

Најефикасен во тимот на САД беше Ерик Пашал со 23 поени, Колин Секстон постигна 21, МВП Бриџис 20, а Тре Јанг 18. Зион заврши со 14 поени, но секој изгледаше поспектакуларен од претходниот.

Во редовите на Светот, Канаѓаните Р.J. Барет со 27 и Брендон Кларк со 22 поени беа први стрелци, додека Лука Дончиќ постигна скромни 16 поени.