Откако Манчестер Сити синоќа доби шокантни вести дека е суспендиран од УЕФА и нема да може да се натпреварува во Лигата на шампионите во следните две сезони, а треба да плати и казна од 30 милиони евра за нарушување на финансискиот фер-плеј, почнаа најавите за „распаѓање“ на тимот.

Клубот ќе поднесе жалба, но тешко дека УЕФА ќе има слух за неа со оглед на сериозноста на престапите кои ги има англискиот тим, па така тргнаа шпекулациите дека многу ѕвезди како и тренерот Пеп Гвардиола веќе ги пакуваат куферите.

А, Шпанецот веќе е мета на три клуба. Јувентус, ПСЖ и Баерн Минхен се оние кои ги сакаат неговите услуги, а клубот од Торино е во најдобра позиција бидејќи и претходно преговараше со Гвардиола.