И не само што се во супер серија во Дивизија 1 во првенството на ОАЕ, Ѓоко Хаџиевски и Емирејтс вчера направија невиден, чудесен пресврт за победа против Ал Араба.

Имено со 88.минута тимот на нашиот тренер губеше со 1:3, и тогаш следуваше нешто шокантно. Избраниците на Ѓоко постигнаа три гола и на крајот победија со 4:3. Големата, еуфоричната радост на сите во клуот беше сосема оправдана.

Да си на чекор до бездната, а потоа да излезеш како херој, е тоа го може само тимот на Македонецот во ОАЕ. Тим кој сега по 12.коло има 9 победи, 3 ремија и со 30 бодови е на добар пат да се пресели во Првата лига.