Горан Пандев беше стартер за Џенова на гостувањето кај Болоња, но следуваше „шок“ во 13. минута од средбата. Тој беше заменет, и излезе, а деновиве ќе се знае каква е ситуацијата со неговата повреда.

Спроред првите информации, добил удар во коленото, и не можел да го продолжи мечот.

Ова е „шок“ за националниот тим со оглед дека за еден месец доаѓа најважниот дуел во историјата на репрезентацијата против Косово во Лигата на Нации, преку кои можеме да обезбедиме учество на ЕП.