Кошаркарите на Реал Мадрид го освоија шпанскиот Куп откако во вечерашното финале ја декласираа екипата на Уникаха со 95:68.

Ова беше 28. Куп трофеј за Реал Мадрид. Избраниците на Пабло Лас на доминантен начин ја совладаа и Валенсија во полуфиналето, тим што претходно ја елиминираше Барселона, за во финалето да добијат прилично „мал залак“ во екипата на Уникаха.

Брилијантниот учинок на играчите на Реал се виде во првата четвртина кога за првпат се здобија со двоцифрена предност и на сите им беше јасно дека Реал нема намера да му го предаде трофејот на никого.

Керол беше најефикасен со 20 поени, додека Кампацо постигна 13 со 13 асистенции.