Македонскиот репрезентативец Борко Ристовски е надвор од тимот на Бенфика од почетокот на месецот, а неговото отсуство особено падна во очи по двата одиграни натпревари на тимот во ЕХФ купот. Причината е ситна повреда на ахиловата тетива.

„Имам повреда на ахиловата тетива, не е ништо сериозно. Во среда имам контрола, а потоа ќе знам како ќе тече рехабилитацијата и кога ќе се вратам на теренот“, објасни за СПОРТМЕДИА, Борко Ристовски.

Бенфика, синоќа ја забележа и втората победа во групната фаза во ЕХФ купот над Мелсунген, 29:26.