За само два месеци во дресот на Борусија Дортмунд, 19-годишниот Ерлинг Халанд стана прва ѕвезда на бундеслигашкиот клуб, а неговиот генерален директор, Ханс – Јоаким Вацке во интервју за goal.com изјави дека Норвежанецот е играчот кој му недостасувал на тимот.

„Нема многу играчи како него, кои се 1.94 метри високи и тоа е факт. Го следев неговиот прогрес долго време и тој беше играч кој не смееше да се пропушти.

Иако е млад има голема желба. Има физички предиспозиции, исклучително е фокусиран, со добар карактер и импресивна мотивација, дури и на тренинг. Скандинавските играчи се такви, мотивирани, желни за успех и пристојни момци. Таков играч и недостасуваше на Борусија“ – изјави Вацке.