Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, со победата над Норич во саботата стигна до нов клупски рекорд. Имено во првите 250 натпревари на чело на тимот, Германецот стигна до неверојатни 153 победи!

Со ова остварување, Клоп го надмина претходниот рекордер на „Енфилд“, Кени Далглиш, кој успеа да победи на 152 натпревари од првите 250. Рафаел Бенитез е трет со 142 победи во 250 меча на клупата на „црвените“.

Легендарните тренери на Ливерпул, Боб Пајсли (139) и Бил Шанкли (133) се на четвртото и петтото место.

Клоп го предводи Ливерпул во есента 2015 година. Под водство на германскиот стручњак, екипата ја освои Лигата на шампионите минатата сезона, Суперкупот на УЕФА и го освоија Светскиот клупскиот шампионат.