Адис Јаховиќ е најавен како стартер за денешниот дуел на Анталијаспор против Касимпаша.

И тоа не би било ништо ново, со оглед дека тој е стандарден каде и да игра во Турција, но се враќа по еден месец пауза поради повреда на главата, поточно на јаболчницата на окото која ја заработи на неговиот прв меч за Анталија, каде постигна и гол.

Тој претрпе и операција, со што се врати на тренинзите и сега подготвен за настап. Интересно ќе биде да се види дали ќе игра со заштитна маска.