На деветтата по ред манифестација „Ден на фудбалот“ во Бања Лука, која заеднички ја организираат Фудбалскиот сојуз на Република Српска и спортскиот весник „Спортски журнал“ беа доделени награди на најуспешните во фудбалот и оние кои оставиле длабока трага во фудбалот во Бања Лука и Република Српска.

Меѓу наградените е и македонскиот тренер Зоран Смилевски кој остави длабока трага како играч и тренер во Борац од Бања Лука. Смилевски играше за овој клуб во три периоди, а четири пати беше и нивни тренер. Со Борац ја освои титулата во Република Српска во 2006 како и последното издание на некогашниот Митропа куп или Средноевропски куп.

Благодарам што се сетивте на мене“, истакна Смилевски на церемонијата.

Покрај него, посебна награда за фудбалски допринос доби и славниот тренер Бора Милутиновиќ кој со пет репрезентации учествуваше на Мундијалите.

За најдобар фудбалер е избран капитенот на Борац Стојан Врањеш, наградени беа уште Дарко Милуновиќ, Младен Крстајиќ…