Борусија Дортмунд со предност ќе патува во Париз на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите. Вечерва на „Вестфален“ го победи ПСЖ со 2:1 и тоа благодарение на головите на норвешкото чудо од дете Халанд кој ги даде двата гола за домашната екипа.

Тој стрелаше прецизно во 69. минута, потоа Нејмар изедначи, а тинејџерот потоа уште еднаш ја затресе мрежата на парискиот тим.

Со тоа „милионерите“ си обезбедија каква-таква предност која им дава надеж за пласман во четвртфиналето.