Веќе е познато дека Келн ќе биде домаќин на Фајнл-фор завршницата во Евролига. Битката за титулата во најелитното европско клупско натпреварување ќе се води во добро познатата „Ланксес“ Арена, која е синоним за ракометната Лига на шампиони.

Кога станува збор за ракометот, оваа сала секој Ф4 е исполнета да последното место. Токму на ова место во последните три години свој белек остави Вардар. Македонскиот првак двапати го крена пехарот.

Кошарката ќе биде пред голем тест, останува да видиме дали од 22 до 24 мај глетката ќе биде еднакво иста како за ракометниот Фајнл-фор и дали ќе биде исполнет капацитетот од 16,000 места.

Евролига денеска и официјално го претстави новото лого.