Голот што Саул го постигна во 4. минута беше доволен за победа на Атлетико Мадрид над Ливерпул со 1:0 во првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите. Младиот фудбалер ја искористи збунетоста на дефанзивците на Ливерпул и ја погоди мрежата од близина. Потоа и двете екипи имаа неколку шанси, но резултатот не се промени.

Така Атлетико си обезбеди предност, а Ливерпул, инаку бранител на евро-круната, на реваншот на свој терен ќе мора да запне и да го надополни овој дефицит.