Витан Сулајман е новиот фудбалер на српскиот прволигаш Радник Сурдулица. Се работи за тотален анонимец има 18 години и е член на младинската репрезентација на Индонезија. Тој всушност е првиот фудбалер од оваа држава кој ќе игра во српската Супер лига.

За каков фудбалер се работи допрва ќе видиме, но тој на Инстаграм има повеќе следбеници (530.000) отколку Црвена Звезда и Партизан заедно (385.000 и 141.000). Интересно, Радник со негов ангажман ја зголеми популарноста во Индонезија па така бројот на пријатели на клубот од Сурдулица скокна од 1.200 на речиси 10.000. Се очекува тој број да расте кога овој Индонезиец ќе заигра во првиот тим.

Витан потпиша тригодишна соработка со Радник. Во овој клуб игра и македонскиот фудбалер Зоран Даноски, екс-играчот на Победа, Интер Запрешиќ и Металург Скопје.