Сами Кедира и Федерико Бернардески од денеска повторно се на тренинг. Како што објавија од клубот, тие денеска се појавиле на тренинзите на „Старата Дама“, што значи дека ќе му се стават на располагање на Сари за дуелот со СПАЛ.

За следниот меч, стратегот на клупата на Јуве, нема да смета на Миралем Пјаниќ кој се повреди на последниот дуел со Бреша. Џорџо Киелини го направи својот кам-бек во последните минути од средбата со Бреша, а негов прв комплетен настап се очекува токму против СПАЛ.

Даглас Коста и Мерих Демирал се уште се на рехабилитација.