Два дерби натпревари во денешната програма од осминафиналето на Лигата на шампионите. По првите 45 минута падна само еден гол и тоа на „Ванда Метрополитано“. Во 4. минута по една збунетост на дефанзивците на Ливерпул Саул се најде на вистинското место и го совлада Алисон за водство на Атлетико од 1:0.

Интересно Саул досега има 10 гола во ЛШ и сите биле за водство на мадридската екипа.

„Црвените“ кои се бранители на европскиот трон имаа поголем посед на топка, иницијатива но без шут во рамките на голот на противникот. Напротив, Атлетико можеше да зголеми и на 2:0, но ударот на Мората го одбрани Алисон. Ќе видиме како ќе ги построи Јирген Клоп во вториот дел.

А изненадувачки, нема голови по првите 45 минути на „Вестфален“ во Дортмунд. Борусија и ПСЖ кои негуваат атрактивен и ефикасен фудбал некако се статични, како да се плашат да нападнат. Освен неколку полушанси ништо посериозно.

Статистиката кажува само еден удар во рамките на голот и го упатија играчите на Борусија.