Ливерпул, тимот кој немилосрдно гази во Премиер лигата и ги „убива“ противниците вечерва тотално потфрли. Момците на Јирген Клоп никако не можеа да ја пробијат одбраната на Атлетико која е позната како цврста. Симеоне е мајстор за дефанзива и токму така ја постави својата екипа која вечерва го запре најмоќниот напад во Европа.

Ливерпул постигнал 91 гол во 43 натпревари во сите конкуренции оваа сезона, а вечерва не успеа да испрати ниту еден директен удар кон голот на Јан Облак. Единствено се закани Салах, кој во вториот дел од дистанца биеше во блокот на добро поставената домашна одбрана.

Ова е прв пат тимот после 3 октомври 2018 година да не упати шут во рамките на противничкиот гол. Тогаш на нивниот напад оддолеа Наполи.

Избраниците на Јирген Клоп, шанса за поправен ќе имаат на 11 март, за кога е закажан реванш дуелот на „Енфилд Роуд“.