Првиот светски рекет деновиве е во Белград, каде денеска одвои време да се сретне и разговара со бројни новинари. Меѓу стотиците прашања кои ги доби, едно се однесуваше на директниот однос со големите ривали, Надал и Федерер.

На прашањето: Што се случува откако ќе завршат тие големи дуели со Надал или Федерер, Новак во свој стил ги изнасмеал сите присутни.

„По завршувањето на натпреварите, добро … Ние претежно се избегнуваме (се смее). Како би го кажал тоа? Бидејќи соблекувалните не се големи, се случува да се криеме. Зад орманчињата, да речеме. Се случува да се тушираме во кабина еден до друг, но не се гледаме едни на други (се смее). Непријатно е, но што е тука е. Ние немаме свои соблекувални, така што влегуваме во незгодни ситуации“, рече Новак.