Кристијан Ериксен беше доведен како екстра-засилување за Интер оваа зима. Италијанскиот клуб за него на Тотенхем му плати 20 милиони евра убеден дека Данецот да биде еден од главните играчи на тимот. Целта беше да се најде лидер во средниот ред и да се нападне престолот во Серија А на кој се наоѓа Јувентус.

Само еден месец по неговото пристигнување во Италија, се појавија и првите критики. „Газета дело Спорт“ денеска во најновото издание објави наслов – „Енигмата Ериксен“. Во текстот авторот се прашува зошто Ериксен не покажа ништо особено од доаѓањето во Милано и дали причина е можеби адатапцијата. Особено критични беа со неговиот настап на последниот меч и пораз од Лацио, во кој данскиот играч од средниот ред одигра само 13 минути и не покажа ништо особено.

Неговата единствена акција во мечот беше шут тотално безопасно по голот на Стракоша.

„Кристијан се вклопи добро, но тој ќе стане стартер кога навистина ќе биде подготвен“, рече Антонио Конте.