Најдобриот играч на Аталанта Папу Гомез е пресреќен поради резулатот и вели дека добрата подготовка на екипата било клучно.

Одличен натпревар. Бевме подготвени. Добро го анализиравме противникот. Едноставно знаевме каде да удриме и како да играме. Се спремивме добро, добро се движевме на средината на теренот. Бевме поконкретни во нападот од нив“, вели Гомез.

Заслужено победивме. Ова е одличен резултат. Атмосферата беше уникатна. Почувствував како цело Бергамо да беше на „Сан Сиро“. Штета што примивме гол инаку резулатот ќе беше многу поубав. Сепак, ништо не е готово. Не чека и реванш во Валенсија каде ќе мора да играме исто така многу добро“, додаде најдобриот играч на Аталанта.