Манчестер Сити го совлада Вест Хем со 2:0 на својот „Етихад“ за мала радост на навивачите после шокантната одлука клубот да биде исфрлен од Лигата на шампионите на две години. Ова е заостанат натпревар во рамките на Премиер лигата, а четата на Пеп Гвардиола ја оправда фаворитската улога.

Родри во 30 минута погоди за водство на Сити, а конечниот резултат го постави Де Брујне.

„Граѓаните“ апсолутно заслужено победија, а имаа удари на гол 7:0. Вест Хем со овој пораз се наоѓа во опасната зона и ќе го чека борба за опстанок. Неверојатно како клуб кој вложи многу во изминатите сезони стигна да стравува за место во Премиер лигата.

Сити и покрај победата има голема негатива во однос на лидерот Ливерпул.