Четата на Јирген Клоп после две години повторно одиграа натпревар во ЛШ во кој не упатија ниту еден удар кон противничкиот гол. Сега на патот им застана Атлетико кој е познат по цврста дефанзива за која ретко кој има решение. Вечерва момците на Клоп паднаа на испитот. Најсилниот напад потфрли пред најцврстата одбрана. Тоа Клоп добро го знае.

Ова не го очекував, но се случи тоа што се случи и нема бегање. Иако изгубивме, сепак, ми се допаднаа некои сегменти од нашата игра. Резултатот се уште е отворен и имаме шанса да поминеме понатаму. Реваншот го играме на свој терен. Противникот добро ја постави својата игра. Кога требаше да нападнеме и да дадеме гол не успеавме. Тие (Атлетико) се бранеа со сите расположиви сили. Нивниот начин на одбрана беше неверојатен. Мислам  дека тоа беше клучот на нивниот успех. Но не е се загубено. Има реванш. Ќе им порачам на Атлетико, добредојдовте на Енфилд“, изјави Клоп.