Неверојатно лесна задача имаа Кирил Лазаров и неговите соиграчи во првенствениот меч со Данкерк на кој запишаа убедлив триумф од 34:15 (16:3).

Податокот дека за едно полувреме постигнаа само три гола гостинските ракометари доволно говори за надмоќта која ја имаа ракометарите на Нант, кои делуваа како да се на шутерски тренинг.

Ваквиот развој на настаните им донесе можност да играат опуштено, и тоа до таа мера, што Лазаров имаше 0/4 обиди, додека Валеро Ривера со шест гола беше прв стрелец кај Нант.