Полувреме на другите два осминафинални натпревари во Лигата на шампионите. Аталанта која го игра историскиот прв меч во нокаут фазата на Лигата на шампионите поведе во дуелот со Валенсија со 2:0.

Во 8. минута Марио Пашалиќ имаше извонредна шанса кога излезе сам пред противничкиот голман, а Донемех со врвот на прстите го одбрани неговиот шут. Но осум минути подоцна Папу Гомез одлично нафрли, а Хатебер погоди. Тоа е негов прв гол во Лигата на шампионите, а тој е и прв за Аталанта во нокаут рундата на елитното европско клупско натпреварување.

Валенсија имаше можност да изедначи во 30 минута но ударот на Феран Торес заврши во стативата. А пред крајот на првиот дел Јосип Иличиќ ја тресе мрежата на Доменех.

На „Вајт Харт Лејн“ мрежите мируваат. Тотенхем против РБ Лајпциг по првите 45 минути е 0:0. Германците се подобар противник и веќе упатија 11 удари кон противничкиот гол од кои само малку беа прецизни.