Навивачите на Манчестер Сити вечерва на “Етихад”, во мечот од 26. коло од Премиерлигата во кој нивниот тим го совлада Вест Хем, 2:0, испратија неколку силни пораки до УЕФА.

Секако, незадоволни од одлуката на УЕФА да го суспендира Сити од настапи во европските клупски натпреварувања во следните две години, на трибините се појавија транспаренти со навредлива содржина за европската “куќа на фудбалот”.

Можеа да се видат транспаренти на кои пишува “УЕФА мафија” и “УЕФА картел”.