Фудбалерите и симпатизерите на Аталанта продолжуваат да сонуваат. Местото во четвртфиналето е достижно по вечерашниот убедлив триумф над Валенсија на „Сан Сиро“ со 4:1. Незгодната екипа од Бергамо уште еднаш покажа решителност и висок морал да направи сензација во дебитантскиот настап во Лигата на шампионите и тоа им успева.

Вечерва со 4:1 ја победија Валенсија и со солидна залиха ќе одат на реваншот на „Местаља“. По првото полувреме „Божицата“ имаше водство од 2:0. Хатебер погоди со својот прв гол во ЛШ, а по него Јосип Иличиќ со прекрасен удар го совлада противничкиот голман.

На стартот на второто полувреме уште два гола во мрежата на шпанскиот тим. Фројлер и Хатебер се погрижија за 4:0 за Аталанта, а поразот го ублажи Денис Черишев.