Екипата на Милан моментално ја предводи Стефано Пиоли, но неговите резултати не се задоволителни. Се поверојатно е дека „росонерите“ нема да ја продолжат соработката со овој тренер туку идната сезона ќе има нов.

Француски „Екип“ пишува дека Пиоли на клупата на „росонерите“ ќе остане до крајот на сезоната, а потоа екипата ќе ја преземе германскиот стручњак Ралф Рагник. Овој стратег минатата сезона го предводеше РБ Лајпциг, но го напушти клубот но остана во групацијата Ред Бул но во клубот од Њујорк. Тој беше поврзуван со Милан пред неколку месеци, но тогаш не беше заинтересиран за клупата.

Но сега работите се сменети, а Милан ќе го ангажира по завршувањето на оваа сезона со што Рагник ќе има време да ја спреми екипата, а тоа беше една од причините што Германецот ги одбил „росонерите“ пред да го донесат Пиоли.

Според „Екип“ Рагник имал и пред договор со Милан, а потписот на договорот ќе се случи на лето.