Саул Нигес беше херојот на Атлетико Мадрид во синоќешната победа од 1:0 над европскиот шампион Ливерпул во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите. Играчот од средниот ред го постигна единствениот гол за „јорганџиите“ и со предност ќе ги поведе своите соиграчи на реваншот во Англија на 11 март.

„Ова е резултат на неуморната работа, вербата и чувството. Иако целиот свет не веруваше во нас, ние продолживме да работиме силно и направивме неверојатна работа. Ова го постигнавме затоа што си помагавме едни на други. Ливерпул има многу брзи играчи во нападот. Фирмино ослободува простор за Мане и Салах. Затоа, моравме да дејствуваме заедно и да не им оставаме простор на крилните позиции. Многу луѓе сакаа да не убијат, постојано нè критикуваа. Но, навивачите на Атлетико беа зад нас и во добри и во лоши периоди и моравме да им се заблагодариме на најдобар можен начин со нашата игра на теренот“, рече Саул.