Ерлинг Халанд имаше уште една блескава партија во дресот на Борусија Дортмунд. Постигна два гол во победата на „милионерите“ од 2:1 над ПСЖ. Со тоа го сврте вниманието кон себе и уште еднаш покажа дека има чувство за голови иако нема уште 20 години.

Халанд стигна до 10 голови на седум натпревари во ЛШ оваа сезона. Исто така тој е првиот фудбалер кој дал голови во ЛШ за два клуба во иста сезона (во првиот дел играше за Салцбург).

Многу сум горд што ја добив наградата за најдобар играч на мечот, ама јас можам уште подобро. Вечерва добро одиграв, но знам дека морам да бидам уште подобар, па работам напорно за да напредувам. Овој резултат е доста опасен, зашто ПСЖ е многу силен тим. Сепак, мислам дека можеме да поминеме во вториот меч“, вели Халанд.