Екс-вардарецот Жоан Кањелас е избран за играч на колото по 12. рунда во Лигата на шампионите, а тоа му успеја откако во фото-финиш го победи вардаровиот бек Сташ Скубе.

Двајцата имаа фантастичен викенд, во кој плејмејкерот на „црвено-црните“ го предводеше тимот во победа со која ставија крај на серијата од пет елитни натпревари без победа и го „заверија“ осминафиналето.

Кањељас, пак, беше посебно инспириран против ПСЖ и стратегот со кој се искачи на кровот на Европа, Раул Гонзалез и беше клучен играч за победата на Пик Сегед во големото дерби за врвот во групата А.