Марк Маркез и Репсол Хонда ја продолжија соработката за нови 4 години. Како што објавија од тимот, Маркез ќе вози за Хонда до 2024 година.

Осумкратниот светски првак денеска потпиша продолжување на договорот, што е невообичаено за Мото ГП бидејќи договорите обично се потпишуваат на две години.

Последниот пат кога Марк Маркез и Репсол Хонда потпишаа договор беше во 2018 година, кога беше договорена двегодишна соработка. Договорот меѓу Шпанецот и јапонскиот тим истекуваше со крајот на сезоната 2020 година.

„Јас сум многу горд што најавувам продолжување на нашата соработка за следните четири години. Хонда ми даде можност да влезам во Мото ГП класа со фабрички мотор во 2013 година. Од првата сезона, имавме успех заедно и многу сум среќен што сум дел од семејството на Хонда“, изјавил Маркез.