Кошаркарите ситно бројат до стартот на дуелот со Естонија. Тактиката е подготвена, желбата да се стартува победнички е голема, а влогот е голем.

Добра игра вечерва ќе ги врати надежите дека Македонија може да избори пласман на ЕП 2021 година.

„Конечно се вративме во тој квалификациски циклус да се натпреваруваме за Европско првенство. Мечот со Естонија, најверојатно е најважен за нас, имавме доста време да се подготвиме.

Федерацијата направи вистински потег што го одложи Купот на Македонија, ни оствари простор да се вклопиме како тим, да одработиме повеќе тренинзи.

Подготвени сме, имавме некои мали ситни повреди, како и вирус, но тоа е минато. Немаме многу информации околу играта за Естонија, анализиравме некои нивни индивидуални карактеристики. Ние повеќе се подготвувавме за нашата игра.

Мислам дека моменталната инспирација, верувам дека ќе биде на наша страна и ќе одлучи кој ќе излезе како победник“, рече Младеновски.