Квалификацискиот меч меѓу селекциите на Македонија и Естонија во „Борис Трајковски“ во Скопје започна со едноминутно молчење за македонската кошаркарска легенда Благоја Георгиевски – Буштур.

Репрезентативците на двата тима, но и сите присутни во арената во Скопје уште еднаш оддадоа почит за еден од најмаркантните ликови на македонската кошарка.