Претседателот на ПСЖ,  Насер ал Келаифи е обвинет за поткупување на некогашниот главен секретар на ФИФА, Жером Валске.

Против него е подигнато обвинение. Станува збор за откуп на ТВ парава за пренос на Светското првенство неколку години наназад.

Добро е познато дека Ал Келаифи е прв човек на групацијата „Bein Media“ , како и член на извршниот одбор на УЕФА, па сигурно ќе добие снакции од европската „куќа на фудбалот“.

Валске во 2016 година беше исфрлен од фудбалот и тоа на 12 години. Тогаш беше докажано дека заедно со претседателот на ФИФА, Батлер примале мито за продавање на телевизиски права.

Неофицијално се збори дека Валске инкасирал 1,25 милиони евра, како и одредени предноси во користење на објекти што се во сопственот на Насер ал Келаифи, како на пример вилата во Сардинија.