Македонската кошаркарска репрезентација со пораз ги стартуваше квалификациите за пласман на ЕП 2021 година, на домашен терен бевме целосно надиграни од Естонија. Резултатот не е страшен 72-81, но играта особено во втората четвртина е за заборав.

„Не би рекол дека психолошки не бевме подготвени, ни го запреа пик-ен-ролот. Во првото полувреме влегоа во таква агресија како тие да се гости. Не можеш да играш така пред полна сала по толку време.

Изгубивме девет не гледам никаква причина таму да победиме таму во Талин“, рече Тодоров на прес-конференцијата и додаде:

„Се ќе биде завршено по последниот дуел во овие квалифкации“.

Одбраната беше далеку од посакуваното ниво, нашиот најголем проблем.

„Во овој момент со оваа одбрана не можеме да ја победиме Естонија. Со Тодор Гечевски и Перо Антиќ во рекетот ќе беше поинаку“.