Проблемите со корона вирусот кој ја „нападна“ Кина се прошири во сите свери, а се чини најмногу во спортот каде масовно се откажуваат сите настани кон требаше да се одржат во кинеските градови.

По олимписките квалификации, трката во Ф1, Светското првенство во атлетика во сала… сега е откажан и ВТА турнирот во Ксиан, кој требаше да се одржи од 13 до 19 април. Покрај ова исто така се очекува и откажување на уште еден турнир во јужниот кинески град Кунминг, но уште ништо не е официјално потврдено.

Повеќе од 2.100 луѓе починаа од почетокот на корона вирусот, најголем дел од нив жители на Кина.