Бранителот на титулата во Купот на ОФМ во машка конкуренција, Џио Струмица службено се најде во полуфиналето. Одбојкарите на струмичкиот тим требаше двата дуели од четвртфиналната фаза од Купот да ги одиграат на свој терен против Дибра Волеј, но дебитантот допатува некомплетен.

Така без да се испотат одбојкарите на Џио се најдоа во следната фаза каде мирно ќе ја чекаат конкуренцијата.

Во останатите три двојки кај мажите немаше изненадувања, односно Вардар беше убедлив против Весна Пробиштип, Лирија со максимален резултат ја победи Шкендија, додека Универзитет во Тетово славеше кај Студент со 3:0. На трите тима им останува овие резултати да ги потврдат во реваншот, кој го играат на домашен терен на 26 февруари за да се најдат во полуфиналето.

Ниту кај дамите немаше некои посебни возбудувања, а фаворитите веќе го направија првиот чекор кон полуфиналето.

КУП НА МАКЕДОНИЈА, МАЖИ

ЧЕТВРТФИНАЛЕ, ДВОЈКИ:

Дибра Волеј – Џио Струмица 0:3 (службено)

Весна Пробиштип – Вардар 0:3 (10:25, 15:25, 13:25)

Шкендија – Лирија 0:3 (17:25, 19:25, 17:25)

УГД Студент – Универзитет во Тетово 0:3 (18:25, 18:25, 17:25)

КУП НА МАКЕДОНИЈА, ЖЕНИ

ЧЕТВРТФИНАЛЕ, ДВОЈКИ:

Пелистер волеј – Работнички Скопје 0:3 (10:25, 11:25, 16:25)

УГД Студент жени – Струмица жени 1:3 (11:25, 26:24, 12:25, 11:25)

Виктори волеј – Вардар жени 0:3 (17:25, 4:25, 8:25)

Јанта волеј Форца – Наковски волеј 3:0 (25:17, 25:23, 25:22)