Вечерва во рамките од 25. коло во Серија А, во Бреша се среќаваат истоимениот тим и Наполи, кој во последно време игра во добар форма. Како што велат информациите од Чизмата, тренерот Џенаро Гатузо нема да прави никакви егзибиции со стартниот состав.

Тој мечот ќе го започне со нашиот Дијамант Елеф Елмас, кој откако ја доби шанса си го искажа сиот свој квалитет. Па така тој вечерва на гостувањето кај Бреша ќе биде во стартните единаесет. Интересно е тоа што откако Гатузо му дава се поголема минутажа на Македонецот, неговиот Наполи почна да победува во серија.

Конечено на Гатузо му текна што треба да прави ако сака победи за Наполи.