УЕФА неделава налути голем дел од фудбалските фанови, откако направи кикс при продажбата на билетите за ЕУРО 2020.

Во средата во продажба без пуштени дел од билетите кои првично биле резервирани, но клиентите не ги платиле навремено, па затоа се ставени во слободна продажба. Но, во таа група на билети имало и такви што веќе биде продадени.

Со оглед на интересот тие одново брзо се продале без да стигне УЕФА навремено да реагира за техничката грешка, па неколку часови по купувањето, дел од навивачите биле известени дека купувањето е откажано!

Секако УЕФА не ги напратила билетите, трансакциите биле откажани, но револтот кај фановите доаѓа од фактот дека голем дел од нив веднаш по купувањето на билетите резервирале и транспорт и сместување на дестинацијата на која требало да патуваат, а за дел од овие аранжмани сретствата се неповратни.

Голем дел од навивачите се во сериозна загуба, ем останаа без ЕП билети, ем загубија дополнителни сретства.