По болниот пораз кој селекцијата на Естонија ни го нанесе на првиот меч од квалификациите за пласман на Европското првенство следната година, кошаркарите тргнаа на долг пат кон Перм, градот каде во недела ќе не нагости Русија.

Според најавите, селекторот Александар Тодоров и неговите момци околу пет часот утринава со автобус заминаа во Софија од каде треба да стигнат авионски до Москва, претпоследната дестинација до Перм.

Нашите момци ќе минат 17 часа во пат, во хотел треба веќе да бидат сместени на полноќ.

Сабота ќе биде единствениот ден резервиран за анализи и тренинг.

Русија исто како Македонија тргна со пораз, на гостински терен беше совладана од Италија.