Доволно е само една добра партија, една убава победа и тоа на теренот на Струга Трим Лум, па за да се вратат насмевките во Работнички, кој оваа пролет го чека тешка битка за изборување на опстанокот.

Во текот на оваа седмица, по триумфот во Струга, а пред неделното скопски дерби со Шкупи, атмосферата во „Градски парк“ беше порелаксирана.

Имаше и насмевки кај играчите, исто насмевки кај помошниот тренер Баже Илијоски, додека шефот Ратко Достаниќ како и секогаш, и сега е максимално сериозен. Знае тој дека има уште многу, многу тешки мечеви за неговиот тим оваа пролет, како на пример оној со Шкупи во недела на Арената „Тодор Проески“.